JP Galeria - шаблон joomla Форекс

Кратка биографија

Дора Попова е родена во Скопје, каде што го завршува основното и средното образование.

Таа е дипломиран психолог на Филозофскиот факултет во Скопје при институтот за психологија и воедно е основач на центарот за применета психологија “Дора“.

Покрај класичните студии по психологија, каде што го стекнува базичното знаење, таа е и обучен социотерапевт за холистички пристап. Во текот на своето образование Дора Попова била и сеуште е активен учесник на различни семинари, едукации и работилници од областа на општата психологија и психотерапијата за кои се има стекнато со бројни сертификати за истите.