JP Galeria - шаблон joomla Форекс

Психолошко тестирање

Во центарот за применета психологија “Дора“ се вршат следните психолошки тестирања: 

1. проценка на интелигенција кај деца;

-тестот за проценка на интелигенција кај деца е наменет за поширока популација, односно за деца од пет до петнаесет години и детално ги испитува лингвистичката интелигенција, логичко-математичката интелигенција, социјалната интелигенција, работната меморија, визуелната перцепција како и општата информираност кај детето. 

2. проценка на зрелоста кај детето за тргнување во училиште;

-тестот за проценка на зрелоста кај детето за тргнување во училиште е наменет за деца од пет до седум години и дава опширни информации за интелектуалниот развој на детето, како и за можните потенцијални проблеми и потешкотии со кои тоа би можело да се соочи во текот на изучувањето на наставниот материјал. Целта на овој тест е тие да се детектираат на време доколку постојат и да се превземат соодветни чекори за нивно отстранување или олеснување за детето да може нормално да ја следи наставата.

3. проценка на професионалните интереси кај деца до 15 години;

-тестот за проценка на професионалните интереси е наменет за учениците од осмо одделение, како и за оние од прва и втора година средно училиште кои сеуште не се сигурни за определбата на својата понатамошна образовна насока. Тестот детално опфаќа десет насоки: култура, угостителство, трговија, безбедност, администрација, наука, аграрна култура, хуманистичко-здравствена насока, техничко-занаетчиска насока и естетско обликување. 

4. психодијагностичка проценка.

тестовите за психодијагностичка проценка го проценуваат менталното здравје на личноста.